Side Area Image

The Hello Smile производите се произведуваат со љубов и грижа уште од 2014 година. Почнувајќи од сончевата Австралија, им нудиме на нашите потрошувачи природни производи кои се лесни за употреба и даваат одлични релзултати.

+389 72 555 953
info@thehellosmile.mk
ВО ШТО Е ТАЈНАТА НА НАШАТА ФОРМУЛА?

Драго ни е што прашавте. Нашите побелувачи на заби се високо ефективни и клинички проверени. Но, за разлика од многу други, исто така брзо и лесно функционираат и се користат со задоволство! Покрај сето ова, убедени сме во процесот на производство – правејќи ги нашите производи вегански, без тестирање врз животни и содржат мешавина на природни состојки со безбедни побелувачи.

Веруваме во идејата дека задоволството при користење на нашите производи треба да биде исто како и задоволството од резултатите!

А ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО СПЦИЈАЛНАТА РЕЦЕПТУРА…

Ампулите кои се за една употреба, а се користат во процесот за побелување со двојна формула, делуваат и хигиенски, со перфектно дозиран серум за побелување за секој третман, кој може да биде насочен кон било кој дел од Вашата насмевка. Исто така користиме природен побелувач, без флуорид, кој ги комбинира заштитните бенефити на чисто есенцијално органско масло и кокосово масло, заедно со други природни состојки кои помагаат да се зајакнат забите, да се намали плак и да се побелат забите со нежни полирачки агенси. Јако нели?

КОЛКУ ТРАЈНОСТ ИМА ПЕНКАЛОТО?

Пенкалото се одликува со преку 20 апликации на побелувачки гел. Ова би требало да трае најмалку 4 недели.

КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ЗЛАТНИТЕ И СРЕБРЕНИТЕ ПЕНКАЛА?

Само бојата. Формулата за побелување е иста и во двете пенкала.

КАКО СЕ КОРИСТИ ПЕНКАЛОТО ЗА БЕЛЕЊЕ?

Лесно! Завртете го пенкалото на дното за да се истисне гел. При првата употреба треба малку повеќе да се истисне, додека да се појави гел. Слатко насмевнете се, отргнете ги усните од забите и нанесете тенок слој гел на сите заби.

Гелот ќе почне да функционира веднаш штом дојде во допир со забите. Опуштете ги усните после 30 секунди. Гелот полека ќе почне да исчезнува и да ги побелува забите. Не треба да конзумирате јадење ниту пиење во следните 20 минути.

*Имаме повеќе информации на интернет!

КОЛКУ ВРЕМЕ Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СЕ ПОЧУВСТВУВА РАЗЛИКАТА?

Во првите 3-4 дена ако редовно го користите производот, ќе приметите разлика – колку ќе бидат побелени, зависи и од моменталната боја на забите. Некои потемнувања потешко се отстрануваат, затоа треба да бидете упорни и да продолжите редовно. Резултатите ќе траат со месеци ако сте педантни (не пушење и слично).

КОЛКУ ПАТИ НА ДЕН МОЖЕ ДА ГИ ПОБЕЛУВАМ ЗАБИТЕ?

Производот може да биде употребуван еднаш на ден (одлична комбинација би бил со Вашата рутина на шминкање). Нанесете го на предните заби, оставете го да стои додека се шминкате, а потоа лесно исплакнете ја устата.

УПС, ГОЛТНАВ ОД ПОБЕЛУВАЧОТ 😀

Пријавете се во полиција! Хаха, се шегуваме! Покрај тоа што има чуден вкус, нема никакви други негативни ефекти или последици.